Авион со 10 луѓе исчезнал на Алјаска, потрагата е во тек
Според достапните информации, во малиот авион „Цесна караван“ имало девет патници и еден пилот. Агенцијата на својата веб-страница објави дека тимовите на теренот работат на добивање на последните познати координати на леталото.
Според Националниот институт за безбедност и здравје при американската влада, несреќите со воздушни такси и патнички авиони се несразмерно чести во Алјаска во споредба со остатокот од Соединетите Држави.
Алјаска е позната по своите предизвикувачки временски услови и планински терен, а многу заедници не се поврзани со патишта, поради што малите авиони често се користат за превоз на луѓе и стоки.
Беринг Ер е регионална авиокомпанија со седиште во Алјаска која управува со флота од околу 39 авиони и хеликоптери, според податоците на веб-страницата FlightRadar24. Последниот снимен сигнал од исчезнатиот авион бил фатен од уредите за следење 38 минути по полетувањето од Уналаклиет, во 14:38 часот по локално време.
Летот до Номе обично трае помалку од еден час.