Министерството за правда тврди дека почнало консултации за измени и ново законско решение за Изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ препушта прво институциите да си ја завршат својата работа, а ВЛЕН верува дека ќе се запази рокот. Рокот е јуни и е во реформската агенда договорена со ЕУ, а ако го испочитува Северна Македонија ќе добие пари од Планот за раст.