Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Либан доби нова влада и најави реформи

0
Либан формираше нова влада денеска (8 февруари), по невообичаено директната интервенција на САД во процесот и во чекорот што требаше да ја приближи земјата до пристап до фондовите за обнова по разорната војна меѓу Израел и Хезболах.


Говорејќи пред новинарите во претседателската палата денеска, новиот премиер, Наваф Салам, рече дека 24-члената влада ќе им даде приоритет на финансиските реформи, реконструкцијата и спроведувањето на резолуцијата на Обединетите нации која се смета за камен-темелник на стабилноста на границата на Либан со Израел, пренесува Ројтерс.


Објавата уследи по повеќе од три недели разговори со ривалските политички партии во Либан - каде владините места се поделени според верската припадност - и застојот околу министрите кои се  шиитски муслимани, кои обично се назначуваат од Хезболах поддржан од Иран и од нејзиниот шиитски сојузник, партијата Амал.




Но, Вашингтон се спротивстави на влијанието на Хезболах во секоја нова влада.


Заменик американскиот претставник за Блискиот Исток, Морган Ортагус, во петокот (7 февруари) рече дека САД ја сметаат вмешаноста на Хезболах во новата влада за „црвена линија“ и му се заблагодари на Израел што и нанесе катастрофални удари на групата, во контроверзната изјава што предизвика протести во Либан.


Но, на крајот, на сојузникот на Хезболах, партијата Амал,  предводена од претседателот на парламентот Набих Бери, и беше дозволено да избере четворица членови на новата влада, вклучувајќи го и министерот за финансии Јасин Џабер, и да даде одобрение на петтиот.


Кабинетот сега има задача да подготви изјава за политиката - општ нацрт на пристапот и приоритетите на идната влада, и потоа ќе треба гласање за доверба од либанскиот парламент за да добие целосна власт.


Либанскиот претседател Џозеф Аун, кој уживаше поддршка од САД како командант на армијата, беше избран за претседател на 9 јануари и го номинираше Салам да формира нова влада неколку дена подоцна. Салам беше шеф на Меѓународниот суд на правдата.


Номинацијата на Салам беше последниот сигнал за драматичното менување на рамнотежата на силите во Либан, по тешките удари на Хезболах од страна на Израел, соборувањето на сирискиот сојузник на Хезболах, Башар ал Асад, во декември и минатомесечниот избор на претседателот Аун.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Даллас (ATP). 1/2 финала. Рууд встретится с Муньяром, Пол – с Шаповаловым






Из Банка Англии изъяли тысячи золотых слитков из-за действий Дональда Трампа

Очевидцы рассказали, как ломали двери, чтобы покинуть горевший Электрозавод

Топ-10 новостей недели: нейрологопедический центр для детей, облик древнего воина-лучника, сквер в Оленьке

Главный онколог Москвы заявил о росте случаев рака толстой кишки среди молодых