Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Иран подготвен да преговара со САД, но не под „максимален притисок“

0
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, рече дека неговата земја е подготвена да преговара со Вашингтон во врска со нуклеарната програма и поврзаните санкции, но рече дека разговорите не може да се одржат според стратегијата за „максимален притисок“ на претседателот Доналд Трамп, јави агенцијата АФП.


„Укинувањето на санкциите бара преговори, но не во рамките на политиката на 'максимален притисок', бидејќи тоа не би биле преговори, туку форма на предавање“, напиша Аракчи на социјалните мрежи.


„Иран не сака да преговара со земја која истовремено воведува нови санкции“, додаде тој.


На 4 февруари, Трамп потпиша наредба за обновување на неговата политика на „максимален економски притисок“ врз Иран со цел да му наштети на неговиот извоз на нафта и да ја забави неговата нуклеарна програма.


Тој го задолжи Министерството за финансии да изврши притисок преку санкции и други механизми за извршување врз поединци и субјекти кои ги кршат постоечките санкции.


Тој, исто така, им наложи на Министерството за финансии и на Стејт департментот да спроведат кампања насочена кон „сведување на иранскиот извоз на нафта на нула“.


При потпишувањето на тој меморандум, Трамп го опиша како многу тежок, но исто така рече дека е отворен за договор со Иран и изрази подготвеност да разговара со иранското раководство.


„Со мене е многу едноставно: Иран не може да има нуклеарно оружје“, додаде Трамп.




Значајниот договор со светските сили од 2015 година ја ограничи иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите.


Но, Трамп ги повлече Соединетите држави од договорот за време на неговиот прв мандат и повторно воведе санкции во 2018 година. Техеран потоа, меѓу другото, ја ограничи меѓународната контрола на неговите нуклеарни локации.


Кога се повлече од нуклеарниот договор, Трамп рече дека Техеран не работи во духот на договорот и дека продолжува со обидите да развие нуклеарно оружје.


Тој, исто така, го обвини Иран дека го поддржува екстремистичкото насилство во регионот, што Техеран го негираше.


Аракчи рече дека „Иран веќе јасно стави до знаење дека под никакви околности нема да бара, развива или набавува какво било  нуклеарно оружје“.


Тој додаде дека „не е тешко да се добијат практични гаранции дека Иран нема да има нуклеарно оружје, под услов да се обезбедат објективни гаранции дека непријателските мерки против Иран - вклучително економски притисок и санкции - ќе бидат ефективно прекинати“.


Меѓународните организации, западните лидери и активистите го обвинуваат Техеран за кршење на правата, што беше поврзано со масовните улични протести што избувнаа низ Иран во 2022 година по смртта на Махса Амини, млада жена која беше уапсена за наводно кршење на законот за хиџаб.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Даллас (ATP). 1/2 финала. Рууд встретится с Муньяром, Пол – с Шаповаловым






«Раздолье» проведет вебинар «Стоит ли бухгалтеру идти в IT»

АЗС на Ленинском проспекте. Москва, 1974 год

Валуев выразил надежду на урегулирование вопроса с запретом на въезд в Азербайджан

Клинический психолог Марианна Абравитова: что такое синдром жертвы и по каким признакам его распознать