Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Лекарите апелираат на опасностите од новиот „ТикТок“ предизвик со парацетамол

0
На Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје досега нема пријавено случај во кој пациент следел тренд на социјалната мрежа „ТикТок“ со земање големи дози „парацетамол“.


Информацијата за МИА, денеска (10 феврауари) ја потврди директорот Андон Чибишев, кој и самиот алармираше на претпазливост во врска со овој предизвик.


„Нова опасност им се заканува на нашите деца. Експериментот со „парацетамолот“ е исклучително опасен и може да заврши со тешко неповратно оштетување на црниот дроб или смрт. Токсичната доза изнесува  5 до 15 грама или 10 до 30 таблети од 500 милиграми или  леталната - смртна доза е 20-25 грама“, напиша Чибишев неодамна на „Фејсбук“.


Појасни дека труење настанува заради исцрпување на метаболичкиот систем на црниот дроб и ги повикува надлежните институции внимателно да ја следат состојбата.




За кобните последици што може да ги има предизвикот, се огласи и доктор Нико Беќаровски од истата Клиника. 


„Од почетокот на оваа година, на платформата „ТикТок“ кружи нов многу опасен предизвик меѓу младите, внесување големи дози „парацетамол“. Почитувани, колку и да звучи чудно, труењата со „парацетамол“ се меѓу најсмртоносните труења со лекови. Дури и мали дози 10-15 таблети предизвикуваат оштетувања на црниот дроб. 20-40 таблети предизвикуваат сериозни труења и оштетувања на црниот дроб, а труењата со над 50 таблети многу често завршуваат со смрт, дури и при интензивно лекување“, подвлече Беќаровски.


Ако сепак се случи труење, а не се поминати 2-4 часа, Беќаровски советува веднаш да се дадат 10 таблети медицински јаглен и АЦЦ - 2 кесички и да се побара лекарска помош.


Последниот предизвик на платформата Тик-ток, наречен„Супермен“, ги предизвикува децата да скокнат имитирајќи го истоимениот херој. Поради овој предизвик, најмалку единаесет деца на почетокот на декември минатата година завршија во градската болница во Скопје. Повеќето со набиеници, а две од нив завршиле и со скршени раце.


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски тогаш изјави дека државата не смее да биде таа што постојано ќе забранува апликации и со тоа ќе ги наруши демократските принципи на општеството. Тој рече дека веќе е изработено упатство насочено кон сите наставници во сите училишта, основни и средни, да поразговараат со децата, со учениците за предизвиците на социјалните медиуми.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Обидчица Елены Рыбакиной взяла титул и удивила поступком после триумфа. Фото






Туристы могут массово приехать в Петрозаводск на майские

Достоевский развенчал социализм за 50 лет до русской революции

Все золото мира: День памяти олимпийского чемпиона Романа Дмитриева

Сложную операцию провели впервые в Приморском крае