Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Андоновски: Хибридни напади ќе има, важен е одговорот од институциите

0
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека се хрибридни закани пораките по електронски пат што во петокот ги добија училиштата со предупредувања за поставени експлозивни направи, за кои подоцна се утврди дека се лажни дојави по проверките од полицијата.


„Разликата од претходно е што веднаш, уште утрото, се слушнавме со министерката (за образование), организиравме со министерот за внатрешни работи една ад хок работна група која ги разгледа проблемите со кои се соочува системот, развивме неколку методологии коишто треба да се следат во наредниот период за превентива на подолг рок, изјави Андоновски при посетата на ОУ „Димитар Македонски“ по повод одбележување на Денот на безбеден интернет.


Посочи дека МВР, МОН и општините постапиле „многу соодветно во текот на денот“, дека биле решени последиците и оти сега се работи и на причините „зошто ова ни се случува“.




„Хибридни напади ќе има, напади на нашата сајбер инфраструктура ќе продолжат, но многу е важно како институциите одговараат, а сега одговараат системски и во соработка едни со други. Стоиме на располагање да му помагаме на Министерството за образование и наука и на сите други институции ако и понатаму се појават вакви проблеми“, рече Андоновски одговарајќи на новинарски прашања.


На 7 февруари неколку основни и средни училишта во Скопје добија електронски дојави за поставени бомби во објектите. Учениците беа привремено евакуирани, а проверките на полицијата покажаа дека дојавите биле лажни.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Медведев и Джокович опустились в рейтинге ATP






В январе в Перми начало дорожать вторичное жилье

Москвичам рассказали, где в городе можно покататься на коньках в любую погоду

Министр молодежи Петр Шамаев: "Главное - живой"

Кадеты Росгвардии стали участниками традиционного Пушкинского бала в Иркутской области