Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Таравари: На ГОБ „8 Септември“ треба да и се дадат повеќе ингеренции

0
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека според него, ГОБ „8 Септември“ треба да остане втора клиничка болница во Скопје, но да и се дадат повеќе ингеренции.


„Мислам дека „8 Септември“ треба да остане како и досега, добар „бекап“ за Клинички центар, нагласи министерот“, одговарајќи на новинарски прашања по официјалното пуштање во употреба на компресорската станица за хируршките клиники.


На прашање до кога ќе биде паузирана изградбата на нов клинички центар, тој одговори дека за 2025 нема таков план.


„За 2026 ќе зборуваме и ќе ви кажиме доколку има нешто конкретно“, рече Таравари.


Деновиве и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски најави дека Владата размислува да ја стави во мирување иницијативата за изградба на нов Клинички центар, а наместо тоа Градската општа болница „Осми септември“ да стане регионален центар за лекување на пациентите од Скопје, Куманово и Велес.


Нов клинички центар најавија неколку претходни влади, но ниту една досега не почна да го гради. Како алтернативно решение владата на Мицкоски го предлагаше спојувањето на клиниките во рамки на Клиничкиот центар во Скопје.




Одговарајќи на новинарско прашање за условите во болницата во Штип, министерот Таравари рече дека не само таа, туку сите болници биле оставени такви како што биле. Изрази надеж дека по јуни ќе се почне со проект за реновирање, односно нови болници во Штип и Кичево.


„Оваа година, во план ни се четири болници за да започнеме. Струмица, „Свети Еразмо“, Кичево, Штип. Овие ни се во план за оваа година и реновирање на оддели и тука на Клинички, но и на други болници“, одговори тој на прашањето кога може да се очекуваат подобрени услови.


Министерот рече дека е оптимист барем таа во Струмица и „Свети Еразмо“ да бидат завршени до крајот на оваа година, а новите болници во Штип и Кичево да бидат готови барем за две години.


Инаку, по десетдневно тестирање, министерот за здравство Арбен Таравари денеска (10 феврауари) информираше дека официјално е пуштена во употреба новата компресорска станица за хируршките сали во Клиничкиот центар.




Хируршките сали беа затворени во мај минатата година, откога се појави силна смрдеа во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран воздух. Тие летово функционираа со намален капацитет, а работеа со надворешни компресори.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Анастасия Потапова

Российская теннисистка Потапова вышла в финал турнира в Румынии






Москвичам рассказали, где в городе можно покататься на коньках в любую погоду

Что стало с актерами фильма «Москва слезам не верит»

У великой Тарасовой вымогали деньги прямо на похоронах отца! За что с нее просили 5000 долларов?

В январе в Перми начало дорожать вторичное жилье