Додека тетовчани се соочуваат со еколошки, комунални и инфраструктурни проблеми, општината започна иницијатива за именување и преименување на улици, плоштади, паркови и инфраструктурни објекти. Како што велат, по барање на граѓаните. Граѓани, пак, велат дека има други приоритети, но, никој не ги прашува за ништо.