Македонските граѓани годинава ќе можат авионски да патуваат до Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел, Истанбул, Париз и Женева. Повеќето од летовите ќе се реализираат од скопскиот аеродром, а дел и од охридскиот. Државата субвенционира по 9 евра за патник што ќе пристигне на скопскиот, а 12 евра за патник што ќе дојде на охридскиот аеродром.