Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21
22
23
24
25
26
27
28

Израелски министер најави преговори за втората фаза од прекинот на огнот во Газа

0
Израел оваа недела ќе почне индиректни разговори со палестинската радикална група Хамас за втората фаза од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и бара целосна демилитаризација на крајбрежната енклава, изјави  Гидеон Сар, министер за надворешни работи на Израел. 



Преговорите меѓу Израел и Хамас, кого  САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација, за втората фаза од договорот требаше да почнат на 2 февруари.


Но, Катар, кој посредува заедно со Египет и САД, кажа  дека разговорите сè уште не се официјално започнати.



„Тоа ќе се случи оваа недела“, рече Сар на прес-конференција во Ерусалим на 18 февруари. 


Од друга страна, вонредниот состанок на Арапската лига за Појасот Газа, првично закажан за следната недела, е одложен за 4 март, соопшти египетското Министерство за надворешни работи. 


Египет, како домаќин на состанокот, соопшти дека новиот датум е договорен со членките на Арапската лига како дел од „суштинските и логистички подготовки“ за самитот. 




Состанокот беше свикан како одговор на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе воено разурнатиот Појас Газа и да ги премести палестинските жители на други локации, вклучувајќи ги Египет и Јордан.



Саудиска Арабија ќе биде домаќин на лидерите на Египет, Јордан, Катар и Обединетите Арапски Емирати за да ги изложат нивните планови за обнова на Газа, а истовремено да се осигураат дека Палестинците ќе останат на нивната земја.


Договорот за прекин на огнот, кој вклучува враќање на 33 израелски заложници во замена за стотици палестински затвореници и притвореници, се одржа и покрај низата проблеми и наводи за прекршувања кои се заканија да го исфрлат од колосек.



Сепак, преговорите за втората фаза се очекува да бидат тешки, бидејќи вклучуваат прашања како што е управувањето со Појасот Газа, за кое се чини дека постои голем јаз меѓу страните.



„Нема да прифатиме континуирано присуство на Хамас или која било друга терористичка организација во Газа“, рече Сар.


Тој додаде дека доколку преговорите бидат конструктивни, Израел ќе остане ангажиран и може да ја продолжи првата фаза од прекинот на огнот, кој треба да трае шест недели.



Досега се вратени 19 израелски заложници во замена за ослободување на стотици палестински затвореници.



Заложниците беа заробени во напад предводен од Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, во кој според израелските податоци загинаа околу 1.200 луѓе.



Повеќе од 48.000 Палестинци се убиени во следните израелски операции во Појасот Газа, според здравствените власти на територијата под контрола на Хамас.



 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Андрей Рублёв уверенно обыграл Бублика на старте турнира ATP-500 в Дохе






График ремонтных работ энергетиков на период с 24 февраля по 12 марта

Внук известного волгоградского футболиста стал игроком «Ротора»

Быть или не быть: в мэрии Ярославля определяют будущее надземных переходов

Москомэкспертиза согласовала проекты капитального ремонта жилых домов в Троицке