Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22
23
24
25
26
27
28

Јаневска најави големи промени во законот за високото образование

0
Големи промени ќе претрпи законот за високо образование, најави на 20 февруари министерката за високо образование Весна Јаневска. Таа најави дека е предвидена реорганизација со која Агенција за квалитет во високото образование ќе биде заменета за  Одбор за акредитација и евалуација,што ќе работи со поинакви правила и принципи. Таа очекува овие измени да донесат зголемување на квалитетот на образованието.


„За Националниот совет сметаме дека и натаму треба да постои и ги договараме неговите ингеренции и на другите институции, како што се Министерството за образование и наука (МОН), Одборот за акредитација и сите други“, изјави министерката Јаневска. 


Таа по средбата со претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) истакна дека во подготовката на новиот закон се вклучени експерти од МОН и претставници од сите државни и приватни универзитети.



„Сега се при крај со решенијата за да излезе новиот закон, кој кога ќе биде дефинитивно готов ќе оди на подолготрајна јавна расправа и нема да биде само 20 дена на ЕНЕР. Ќе го доставиме до сите универзитети и ќе го оставиме подолго на електронска јавна расправа, а ќе организираме и јавна расправа со физичко присуство по што ќе ги анализираме и сублимираме препораките од вработените во високото образование и тогаш ќе излеземе со конечна верзија“, истакна Јаневска.






Таа посочи дека ни еден студент кој што добил стипендија  за студирање на престижните универзитети во странство, а не го исполнил условот да се врати во државата, не и ги вратил парите за стипендијата на државата зпоради лошите услови во потпишаниот договор за стипендија со државата.



„Ако треба да вратите десеткратно од она што ви го дала државата и до крајот на животот ако исплаќате една третина од платата каде и да сте вработени и колкава и да ви е платата не можете тоа да го постигнете. Затоа ги направивме промените во договорот да бидат реални, она што е вложено да биде вратено, но и обврска подолго да бидат во земјата и да пренесуваат знаења дури ди да се во странство, прецизира Јаневска.


Претходно на 19 февруари, Јаневска изрази очекување дека со новото раководство во Одборот за акредитација ќе може да се воведат нови студиски програми, некои да се стават во мирување, дел да се укинат.


Инаку, новиот Закон за високо образование треба да биде усвоен во текот на оваа година. Јаневска за ова информираше од собраниската говорница за време на седницата за пратенички прашања на 28 ноември лани.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

Рублёв — о первом выходе в финал в сезоне: рад, что вернулся на свой уровень






КХЛ. «Динамо Москва» — «Динамо Минск». Прямой эфир, смотреть онлайн

Проверьте свою карту, там +10 000 рублей: кому 24-25 февраля придет новое пособие от СФР

ФАС возбудила дела из-за высоких цен на питьевую воду в аэропорту Внуково

Косметолог Наталья Рябинова: какие процедуры спасут мужскую кожу от старения и увядания