Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24
25
26
27
28

Десетчасовна блокада на клучните сообраќајни точки во Нови Сад

0
Во понеделник наутро, студентите започнаа десетчасовна блокада на две важни сообраќајни раскрсници во Нови Сад.


Кружниот тек на Руменачки пут, кој претставува една од главните излезни точки кон автопатот Е75 што го поврзува Нови Сад со Белград и со Суботица и граничниот премин Хоргош кон Унгарија, е блокиран, како и Футошки пути во близина на седиштето на Градското сообраќајно претпријатие.


Блокадата ќе трае до 17 часот. Студентската акција ја поддржуваат и земјоделците кои со трактори го блокираа сообраќајот. Поради студентската акција на повеќе точки во градот се формираат големи колони автомобили. Сообраќајот е густ.


Сообраќајната полиција ги пренасочува возилата на алтернативни правци. Поради блокадата голем број камиони се на патиштата во самиот град.


Како што најавија организаторите, ваквите акции ќе се повторуваат секој понеделник за да се зголеми притисокот врз надлежните да се исполнат барањата на студентите.




„Со блокирањето на критичните точки на транспортните правци на нафта и гас вршиме притисок врз економијата, а сакаме нашиот глас да се слуша уште повеќе. Ги повикуваме граѓаните на Нови Сад, но и околината да ни се придружат во борбата за правда“, порачаа студентите во блокадата.


Студентите блокираат повеќе од 60 факултети во градовите низ Србија и бараат политичка и кривична одговорност за несреќата во Нови Сад, во која загинаа 15 лица. Ним им се придружија голем број средни училишта. 


Бараат да се објави комплетната документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, за да се утврди одговорноста за несреќата.


Тие бараат и да бидат казнети напаѓачите на студентите на протестите по несреќата во Нови Сад и да се прекине постапката против уапсените демонстранти.


Студентите бараат и зголемување на буџетот за високото образование за 20 отсто.


Барањата на студентите ги поддржаа нивните професори, просветни работници, адвокати, актери, земјоделци и други граѓани.


Владата предводена од Српската напредна партија и српскиот претседател Александар Вучиќ тврдат дека барањата на студентите се исполнети. Ваквите тврдења на претседателот Вучиќ студентите ги негираат.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Рио (ATP). 1/4 финала. Зверев сыграет с Комесаньей, Серундоло – с Мюллером






В Москве пройдет выставка подлинных работ Сальвадора Дали

Экскурсионные туры в Индию весной: как недорого попасть на праздник Холи и увидеть тигров

Возведение детсада в мкрн Салтыковка Балашихи внесли в программу до 2030 года

Секретарь Совбеза Шойгу прибыл в Джакарту с делегацией