Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Март
2025
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Санкциите на ЕУ за Косово: застој со долгорочни последици

0
Санкциите на Европската унија не ја принудија Владата на Косово да го промени својот курс, но тие влијаеја на благосостојбата на граѓаните. Без јасен консензус во Европската унија за тоа кога тие би можеле да бидат укинати, неизвесноста продолжува.


Дваесет месеци по замрзнувањето на средствата за Косово и прекинувањето на посетите на високо ниво, Европската унија сè уште одбива да ги укине овие мерки, и покрај постојаните барања од Приштина и Европскиот парламент.


Во одговорот за Радио Слободна Европа, портпаролот на ЕУ рече дека „привремените мерки на ЕУ се реверзибилни и дека Советот веќе поставил услови за нивно постепено укинување, кои се поврзани со преземањето чекори на Косово за намалување на тензиите на северот на земјата“.


Клисман Кадиу, од кабинетот на првиот вицепремиер на Косово, Бесник Бислими, не одговори на прашањето на Радио Слободна Европа дали владата има некаков сигнал за тоа кога може да бидат укинати санкциите на ЕУ. Тој не одговори ни на прашањето за проценката на загубите поради овие мерки.



Брисел го казни Косово во јуни 2023 година за, како што оцени, улогата на премиерот Албин Курти во подгревањето тензии на северот на земјата - област со мнозинско српско население.






И покрај санкциите, Курти не попушти. Тој ја забрани употребата на српскиот динар, ги затвори повеќето паралелни институции со кои раководи Србија во северно Косово и ги оправда овие потези како проширување на власта и во согласност со законите и уставот на земјата.






Во некои случаи, тој ги сметаше санкциите на ЕУ за неправедни, велејќи дека не може да прави компромиси за владеењето на правото и уставот на земјата.



ЕУ не откри кои конкретни проекти биле погодени од суспендирањето на средствата за Косово.



Сепак, Радио Слободна Европа дознава дека овие проекти се движат од култура до инфраструктура, а нивната вредност достигнува и до 100 милиони евра.



Фисник Османи, извршен директор на приштинската топлана Термокос, потврди дека проектот на компанијата за двојно зголемување на капацитетот за греење во главниот град е суспендиран, поради замрзнувањето на грантот на ЕУ од 17,6 милиони евра.



Овие средства, вели тој, биле дел од програмата ИПА, која обезбедува финансиска и техничка помош за земјите кои се стремат кон членство во ЕУ, но во случајот со Косово тие биле блокирани.



„Санкциите на ЕУ сериозно му наштетија на економскиот развој на Косово. Во овој случај, за жал, оштетен е и Термокос, а со тоа и градот Приштина и неговите граѓани“, вели Османи за Радио Слободна Европа.



Тој додава дека вкупната вредност на проектот е 65 милиони евра, дека повеќе од 15 милиони евра ќе обезбедат Владата на Косово и општина Приштина, а останатите преку заеми.



Османи вели дека работата требаше да почне годинава, но тоа сега не е сигурно.



Тој посочува дека Термокос во моментов покрива повеќе од 25.000 домаќинства во Приштина и дека со новиот проект капацитетот ќе се удвои, со што би се намалила потрошувачката на струја и загадувањето на воздухот.

Од денот кога ќе почне овој проект, ќе бидат потребни три години за да се заврши, нагласува тој. 






Нема формален рок за укинување на санкциите на ЕУ против Косово, вели Аугустин Палокај, новинар кој ја следи политиката на ЕУ во Брисел.



Тоа е затоа што, според него, тоа не се класични санкции со конкретен рок.



„Овие мерки се хибридни во делувањето на ЕУ, затоа што немаше конечна формална одлука за нив која би била поништена. Значи, тоа не се класични санкции. Тоа се мерки што ги преземаат институциите на ЕУ, врз основа на политичка изјава, а сега нема договор меѓу сите земји членки дека треба да се укинат“, вели Палокај.



Тој додава дека за нив се разговара зад затворени врати, но дека од дипломатски извори дознал дека земји како Франција, Италија, Словачка и Унгарија се против укинување на санкциите. Тие бараат нивното отстранување да биде условно и постепено.



Палокај потсетува дека одлуките во ЕУ се носат со консензус на сите 27 земји членки и вели дека Косово нема никаков дипломатски механизам за преговори за укинување на мерките.



„Тоа се мерки за проекти финансирани од ЕУ – односно еднострано финансирање, кое не е дел од формалните договори со Косово. ЕУ ги дава како грантови за проекти, но самата може да ги спречи. Со нив управува ЕУ и корисникот нема механизми да ја принуди да ги обезбеди тие средства“, вели Палокај.



Наим Рашити, од Балканската политичка група во Приштина, вели дека Косово има начини да ја убеди ЕУ да ги укине мерките и набројува некои од нив:



„Косово треба да се вклучи во процесот на европската агенда. Треба да создаде акционен план за северот на земјата, додека не дојде во ситуација Србите да се вратат во институциите, таму да се одржат слободни избори и да започне процесот на нормализација. Верувам дека тоа е условот што го очекува ЕУ“.






Рашити вели дека санкциите немале влијание врз однесувањето на косовските институции и ги нарекува „стагнација“ со долгорочни последици.

„Прво, мерките дополнително го оддалечија Косово од интегративниот процес, поставија дополнителни бариери, драстично ја намалија довербата и им дадоа многу аргументи на европските функционери и бирократи, кои беа желни да имаат нешто да ја стават косовската агенда на вистинскиот пат. Тоа е најголемата штета. Тука е и прашањето за стопирање на проекти, инвестиции, програми и слично.



Косово е единствената земја од Западен Балкан која не е кандидат за членство во ЕУ. Приштина поднесе барање за влез во Унијата уште во декември 2022 година, но сè уште не добила никаков одговор.



И покрај ваквата ситуација, Палокај вели дека не гледа закана од раст на евроскептицизмот во Косово и дека ЕУ, според него, се чувствува многу удобно со своите постапки.



„Санкциите создаваат очај кон ЕУ, но тие не се претвораат во евроскептицизам или противење на ЕУ кај граѓаните“, вели Палокај.



Ова тврдење го поткрепува и истражувањето на Меѓународниот републикански институт, со седиште во Вашингтон, кое беше спроведено во шест земји од Западен Балкан од февруари до март минатата година.



Според резултатите од ова истражување, 87 отсто од испитаниците во Косово сакаат нивната земја да следи проевропски и прозападен курс, за разлика од Србија, каде само десет отсто од испитаниците го дале истиот одговор.



Сепак, Рашити предупредува дека доколку санкциите на ЕУ продолжат одредено време, тие ќе имаат негативно влијание врз долгорочните односи на Приштина со Брисел, особено сега кога политичките настани во светот се менуваат од ден на ден.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Блинкова проиграла Пегуле и не смогла выйти в полуфинал турнира WTA в Остине






Ставропольский «Виктор» уступил гандболистам ЦСКА в Будённовске

Не убираем теплую одежду. Прогноз погоды на март 2025 в Москве

«Майнц» обыграл «Лейпциг» в матче чемпионата Германии по футболу

Он был гордостью СССР, отказывался от денег ради учебы, не прикасался к алкоголю. Истории о великом Майорове