Андоновски: Недоследности за примање на електронските документи кај нотарите и банките
Во јавниот сектор засега нема поплаки за непочитување на Законот за електронски документи,
со кој електронските документи се признаваат како оригинални, но, во приватниот сектор има, вели министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој најавува и казни за непочитување на законот.