Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Март
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Израелските преговарачи на нова рунда разговори за примирје во Газа

0
Делегација од израелски преговарачи денеска (10 март) треба да отпатуваат за Катар на нова рунда разговори за продолжување на кревкиот прекин на огнот во Газа, откако Израел го прекина снабдувањето со електрична енергија за да се засили притисокот врз Хамас. Хамас е прогласена за терористичка организација од САД и ЕУ.


Првата фаза од договорот истече на почетокот на март без договор за следните фази кои треба да обезбедат траен крај на војната што избувна со нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.


Сè уште има разлики околу тоа како да се продолжи, при што Хамас повика на итни преговори за следната фаза, додека Израел претпочита продолжување на првата фаза од договореното.


Израелските медиуми соопштија дека израелската делегација ќе ја предводи врвен функционер на домашната безбедносна агенција Шин Бет.


Израел ја прекина испораката на помош во Газа поради ќор-сокакот, а во неделата објави дека го прекинува снабдувањето со електрична енергија на територијата.


„Ќе ги користиме сите алатки што ни се на располагање за да ги вратиме заложниците и да се осигураме дека Хамас нема да е во Газа веќе следниот ден по војната“, рече министерот за енергетика Ели Коен кога нареди прекин на струјата.


Овој потег ги повтори првите денови од војната кога Израел објави „целосна опсада“ на Газа, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија што беше обновен дури во средината на 2024 година.




Портпаролот на Хамас, Абдул Латиф ал Кануа, рече дека исклучувањето на електричната енергија ќе влијае на израелските заложници кои сè уште се држат во Газа.


„Одлуката за прекин на струјата е неуспешна опција и претставува закана за неговите (израелски) затвореници, кои ќе бидат ослободени само преку преговори“, рече Кануа.


Жителите на Газа сега главно се потпираат на соларни панели и генератори на гориво за производство на електрична енергија. Стотици илјади Палестинци сега живеат во шатори низ Газа, каде што температурите се  околу 12 степени Целзиусови во текот на ноќта.


Високиот функционер на Хамас, Изат ал Ришк рече дека израелската одлука „да ја прекине електричната енергија на Газа, откако ја лиши од храна, лекови и вода“ е „очајнички обид да се изврши притисок врз нашиот народ и неговиот отпор“.


Хамас постојано бараше втората фаза од примирјето, со посредство на Катар, Египет и Соединетите Држави да вклучи сеопфатна размена на заложници и затвореници, целосно израелско повлекување од Газа, траен прекин на огнот и повторно отворање на граничните премини за да се стави крај на блокадата.




Портпаролот Хазем Касем за АФП изјави дека Хамас сака посредниците да обезбедат Израел „да го почитува договорот и да продолжи со втората фаза според договорените услови“.


Поранешниот американски претседател Џо Бајден ја претстави втората фаза која вклучува ослободување заложници и повлекување на сите израелски сили оставени во Газа.


Американскиот пратеник Адам Болер, кој имаше директни разговори со претставници на Хамас во последните денови, за Си-Ен-Ен изјави дека може да се постигне договор „во рок од неколку недели“ за да се обезбеди ослободување на сите преостанати заложници, а не само на петте двојни израелско-американски државјани, од кои повеќето се потврдени дека се мртви.


Од 251 заложник земен за време на нападот на 7 октомври, 58 сè уште се држат во Газа, вклучително и триесет и четворицата што израелската војска потврди дека се мртви.


Американскиот претставник изјави дека „долгорочното примирје“ е „навистина блиску“, но во интервју за израелскиот Канал 12 што беше емитувано подоцна во неделата, тој рече дека Вашингтон ќе ја поддржи секоја израелска одлука, вклучително и враќање на војната.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

Рублев не смог пройти в третий раунд турнира "Мастерс" в Индиан-Уэллсе.






Проект «Бобры добры»: ББР Банк поддерживает фонд «Наследие добра»

Уральская Сталь подтвердила соответствие продукции воздухоразделения межгосударственным стандартам

За последние десять лет в столице капитально отремонтировали 17 домов с французскими балконами

Клинический психолог Марианна Абравитова: почему мужчина теряет интерес к женщине