Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Март
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Најмалку 32 повредени при судир на бродови во Северното Море

0
Товарен брод удрил во танкер што превезувал нафта на 10 март во Северното Море, предизвикувајќи огромен пожар во близина на Англија и оставајќи 32 повредени, а британската крајбрежна стража ја координира итна спасувачка операција, соопшти британската агенција за поморска и крајбрежна стража.


Огромен црн чад и пламен се издига од местото на настанот на околу 16 километри од брегот.Евакуирани на брегот се сите членови на екипажот на американскиот танкер Стена (Stena Immaculate) и на товарниот брод Солонг (Solong) што пловел со португалско знаме. 


„Имаше извештаи за „пожари на двата брода“ на кои реагираа службите за спасувачки чамци во Велика Британија“, велат за новинската агенција Франс прес од Кралската национална институција за спасување.


Оттаму додаваат дека крајбрежната стража врши проценка на веројатниот одговор против загадувањето, додека владиното тело кое истражува морски несреќи распореди тим во Гримсби.


„Нашиот тим од инспектори и помошен персонал собира докази и презема прелиминарна проценка на несреќата за да ги одреди нашите следни чекори“, рече портпаролот на службата за истраги на поморски несреќи.




Според еколошката организација Гринпис, „прерано е да се процени степенот на каква било еколошка штета“.


„Во случај на излевање нафта или каква било загуба на опасен товар од вклучениот контејнерски брод, брзината на одговорот исто така ќе биде клучна за ограничување на какво било влијание“, изјави портпаролот на Гринпис.


Меѓународната поморска организација за Франс прес одговори дека „тековниот фокус е на гаснење пожар и операцијата за пребарување и спасување“.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Самсонова одержала победу над Касаткиной на турнире WTA 1000






Жительница Котласа Полина Хлебутина примет участие в вокальном конкурсе «Звезда-2025»

Москва выделила 60 помещений для соцорганизаций в рамках реновации

Эффектный выстрел: бывший военный из Подмосковья сбил дрон со второго выстрела

ВСУ провели самую массированную атаку БПЛА на российские регионы