Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Март
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Изборот на в.д. претседател на Врховен доцни, бидејќи не се спроведени постапките за интегритет и психолошкиот тест

0
Набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд, а изборот доцни бидејќи сè уште не се спроведени постапките за интегритет и психолошкиот тест, изјави претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски.


„Комисијата не успеа да го направи тоа, бидејќи имавме повеќе од 70 кандидати од Академија, кои исто така се тестираа. Претпоставувам тоа беше причината што повеќе се даде приоритет таму, бидејќи има многу кандидати и така се пролонгира постапката. Меѓутоа за брзо време ќе биде избран. Затоа изборот е ставен на седница на Судски совет, бидејќи во среда истекува мандатот на актуелниот претседател на Врховен суд“, изјави Камбовски пред почетокот на седницата на Судски совет.




Прашан дали денешната и за утре закажаната седница на Судски совет се користат како алиби за нивните членови, за кои се бара интерпелација, да не присуствуваат на седницата на Собранието, Камбовски рече дека немале таква намера. 


„Апсолутно не. Немаше никаква намера. Ние кога се закажуваше нашата седница не ни знаевме дека ќе биде на иста дата и собраниската седница. Нашава седница воопшто не е пречка таа да биде одржана, и обратно, собраниската, пак, да биде пречка нашава да се одржи. Доколку некој од колегите изрази желба да отиде таму и да даде изјава, ние тука ќе ја прекинеме седницата и ќе почекаме да се врати. Значи нема да има никаква пречка ниту во Собрание, ниту во Судскиот совет“, рече Камбовски во одговор на новинарско прашање.


Прашан дали очекува некој од нив да поднесе оставка, рече дека тоа е личен чин.


„Не знам, тоа е личен чин, индивидуална одлука. Не можам јас, ниту очекувам, ниту не очекувам. Не знам како ќе се одлучат колегите“, истакна Камбовски.


Потврди дека има пријавено кандидати за судии во сите судови, но нагласи дека смета оти нивниот избор нема да ги реши проблемите, туку само ќе ги ублажи. 


Инаку, негативниот годишен извештај за работата на Судскиот совет е причината поради која пратениците одлучиле да ги отповикаат членовите во Советот кој ги назначува, изјави на 26 декември претседателот на Собранието, Африм Гаши. Петмина членови на судскиот совет назначени од Собранието ќе бидат отповикани во Комисијата за именување и назначување.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Рублёв проиграл на старте турнира ATP в Индиан-Уэллсе






Силы ПВО отразили атаки 58 дронов на Москву

Проект «Бобры добры»: ББР Банк поддерживает фонд «Наследие добра»

Ученые МГУ будут искать цезий-137 в прудах Плавского радиоактивного пятна

В СОУНБ пройдёт открытая арт-лекция «Художники запасной столицы»