Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Март
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Вучиќ: Безбедносната состојба на Балканот е „сериозно разнишана“

0
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека безбедносната ситуација на Балканот е „сериозно разнишана“ и дека Србија „се стреми да ги зачува мирот и стабилноста, како и безбедноста на сите нејзини граѓани“.


Вучиќ на 10 март присуствуваше на владина седница на која, како што рече, се разговарало за актуелната безбедносна состојба во земјата и регионот, а особено за „безбедносните предизвици во Косово и Босна и Херцеговина“.


„Разговаравме и за севкупните аспекти на најавениот протест на 15 март“, објави Вучиќ на својот Инстаграм профил по седницата на Владата.


Српскиот претседател претходно изјави дека очекува „опозицијата да организира големо насилство“ на протестот што го најавија студентите во блокадата во Белград за 15 март.


Без да наведе детали или докази за таквите тврдења, Вучиќ рече дека „сите кои учествуваат во тоа ќе бидат уапсени“.




Претходните масовни собири организирани од студенти во неколку поголеми градови во Србија со кои се бараше одговорност за смртта на 15 лица во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад беа мирни и немаше никакви инциденти.


Вучиќ рече дека тема на владината седница било и влијанието на блокадите во Србија врз состојбата на економијата.


„Ја разгледавме и состојбата на економијата во светло на тековните протести, како и штетата што ја предизвикаа овие настани, што се рефлектира со намалени инвестиции и други предизвици за економијата“, рече Вучиќ.


Тој додаде дека е постигнат договор за преземање итни мерки „за ублажување на последиците и поддршка на економските сектори погодени од овие околности“.




Низ повеќемесечните блокади и протести во Србија, студентите и граѓаните кои ги поддржуваат бараат објавување на целата документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад со цел да се утврди одговорноста за несреќата, гонење на напаѓачите на учесниците во претходните протести, како и прекинување на постапките против уапсените за време на демонстрациите.


Владата тврди дека ги исполнила сите барања на студентите, а експертската група формирана од Сенатот на Универзитетот во Белград го демантираше тоа.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

Рублев не прошел в третий раунд турнира серии "Мастерс" в Индиан-Уэллсе






Воробьев: в Подмосковье при атаке беспилотников погиб человек, трое ранены

Во вторник в Подмосковье ожидается до +15 градусов и небольшой дождь

За последние десять лет в столице капитально отремонтировали 17 домов с французскими балконами

Клинический психолог Марианна Абравитова: почему мужчина теряет интерес к женщине