Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2026
1 2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Десетици лица загинаа по експлозија во бар во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана

0

Швајцарската полиција верува дека околу 40 лица загинаа, а стотина се повредени во пожар за време на новогодишната забава во преполн бар во луксузниот ски-центар Кран Монтана во југозападна Швајцарија, соопшти италијанското Министерство за надворешни работи, јави Ројтерс.
Жртвите не можат веднаш да бидат идентификувани поради сериозноста на нивните изгореници, соопшти министерството.
Повикувајќи се на полицијата, „Скај њуз“ објави дека најмалку десет лица загинале во инцидентот, а некои локални медиуми велат дека бројката може да биде многу поголема.
Портпаролот на полицијата одби да ја потврди бројката, но рече дека многу луѓе се лекарски згрижени поради изгореници.
Повеќе од сто лица биле во барот во времето на експлозијата, изјави портпаролот на полицијата.

Пожарот избувнал во 1:30 часот по полноќ во барот наречен „Констелејшн“ во Кран Монтана, каде полицијата, противпожарната бригада и спасувачките служби биле распоредени за да им помогнат на жртвите.

Областа е целосно затворена, а над Кран Монтана е воведена зона на забрането летање, соопшти полицијата, додавајќи дека причината за експлозијата останува нејасна.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса