Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2026
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Поголем пристап до американскиот пазар: Договор за фер трговија меѓу САД и Северна Македонија

0

САД и Северна Македонија постигнаа согласност за рамковен договор за фер и реципрочна трговија, со кој се отвораат нови можности за извозниците и се продлабочува билатералната економска соработка.

Според договорот, Скопје ќе ги укине царинските давачки за сите индустриски и земјоделски производи од САД, додека Соединетите Држави ќе задржат 15% тарифи за дел од македонските производи, со можност одредени производи да добијат нулта стапка.

Во објава на Фејсбук, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го оценува договорот како важен и значаен исчекор во економската соработка со САД кој има големо значење за македонската економија и од кој конкретен бенефит ќе имаат македонските компании.

„Важно е да бидеме прецизни: САД ќе ја задржат реципрочната тарифа од 15% за производите со потекло од нашата држава, додека паралелно – и тоа е суштината на успехот – ќе се идентификуваат производи што ќе добијат до 0% реципрочна тарифа. Со други зборови, за дел од клучните индустрии и производи, тарифите ќе се намалат до нула. Усогласивме заедничка изјава и рамка за Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, со што ја зајакнуваме билатералната економска соработка и отвораме поголем пристап до американскиот пазар за македонските компании“, рече Муцунски.

Заедничката изјава опфаќа повеќе области, вклучително царини, зајакнување на економската и националната безбедносна соработка, дигитална трговија, енергетскиот сектор, заштита на животната средина, нетарифни бариери и заштита на правата од интелектуална сопственост.

Реакции од американските и македонските властиВо официјалното соопштение на Канцеларијата на трговскиот претставник на Соединетите Американски Држави (USTR) се наведува дека ова ги поставува темелите за Договор за реципрочна трговија со цел унапредување на економското партнерство.

„Трговската агенда на претседателот Трамп ги продлабочува нашите трансатлантски врски со клучен партнер во балканскиот регион. Оваа објава ги поставува темелите за Договор за реципрочна трговија со цел да се унапреди нашето економско партнерство, истовремено отстранувајќи ги административните пречки за американските земјоделци и производители“, посочува во писмена изјава објавена од Белата Куќа амбасадорот Џејмисон Гир, кого лани во февруари Сенатот го потврди како еден од трговските претставници на САД во кабинетот на претседателот Доналд Трамп.

Договорот со САД вчера го најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи оти 63 или 64 производи, кои за земјава се стратешки, во САД ќе бидат извезувани со едноцифрена тарифа од нула до шест и пол проценти. Тој кажа дека во изминатите месеци се воделе многу активни и жестоки преговори и оти ваквите поволни стапки се резултат на тоа.

По објавата на договорот, премиерот се огласи дека тоа претставува „јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД“.

„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција“, вели Мицкоски во објава на социјалните мрежи на 13 февруари.

Што пишува во заедничката изјава?Како што е наведено во заедничката изјава што ја објави Белата куќа, Рамковниот договор за реципрочна, фер и балансирана трговија треба да ги зајакне билатералните економски односи меѓу САД и Северна Македонија и ќе им обезбеди на извозниците од двете земји проширен пристап до пазарот.

Како клучни од договорот се извојуваат десетина точки.

Дел од нив се однесуваат на укинувањето на царинските давачи од Северна Македонија за сите американски индустриски и земјоделски стоки, а од друга страна одржување на 15% тарифи од САД за македонските производи, со можност за одредени производи да се намалат царините и под овој процент.

Во врска со можностите во енергетскиот сектор, се наведува во една од точките на заедничката изјава, двете држави ја земаат предвид изградбата на важниот гасен интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција „што ќе и овозможи на Северна Македонија да ја подобри енергетската безбедност и да ги диверзифицира изворите на енергија, вклучително и преку купување на американски течен природен гас (ЛНГ)“.

„Северна Македонија ќе започне со купување на американски ЛНГ по завршувањето на новиот гасен интерконектор“, пишува во заедничката изјавата.

Земјава, исто така се обврзува да усвои и одржува високо ниво на заштита на животната средина и ефикасно спроведување на законите во оваа област.

Во дел од точките од заедничката изјава се посочува и оти Северна Македонија и САД ќе разговараат за обврските за заштита и спроведување на интелектуалната сопственост“, а ќе се ангажираат и за решавање на прашањата поврзани со трудот.

„САД и Северна Македонија ја препознаваат важноста на обврските со високи стандарди за дигитална трговија со цел да се поттикне отворена и конкурентна дигитална економија. Северна Македонија се обврза да не наметнува данок на дигитални услуги и да поддржи усвојување на траен мораториум на царински давачки за електронски преноси во Светската трговска организација (СТО)“, се наведува во заедничката изјава.

На крајот се посочува оти двете држави ќе работат да се финализира Договорот.

Над 30 години билатерални односи во САДСеверна Македонија и САД во 2025 година одбележаа 30 години билатерални односи.

Двете држави имаат потпишано и Декларација за стратешко партнерство и соработка. Таа беше потпишана во 2008 година во Вашингтон од страна на тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски и државната секретарка на САД Кондолиза Рајс.

Декларацијата со САД тогаш следуваше по грчкото вето на Самитот на НАТО во Букурешт во април 2008, за прием на земјава во Алијансата.

Во 2022 година, пак, Скопје и Вашингтон започнаа и Стратешки дијалог кога беше објавена заедничка изјава од Стејт департментот.

Дијалогот тогаш го започнаа тогашниот министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи и Керен Донфрид која беше помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во администрацијата на експретседателот Џо Бајден. Дел од темите кои се предмет на разговор и соработка со стратешкиот дијалог се одбраната, владеење на правото, културата, енергијата и трговијата.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса