Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2016

Премиерот на Турција ќе ја посети Русија на почетокот на декември

0

Премиерот на Турција Бинали Јилдирим ќе ја посети Русија во првата декада на декември, соопштува весникот „Хуриет“ повикувајќи се на извор во администрацијата на турската влада.

3 прашања: Што се договорија Путин и Ердоган?

Тоа ќе биде прва посета на Јилдирим на Русија по неговото именување на функцијата премиер во мај. Весникот соопштува дека, како што се очекува, на разговорите со рускиот премиер Дмитриј Медведев, тој ќе дискутира за понатамошните чекори на патот на нормализацијата на односите меѓу двете земји. Се очекува дека на агендата на разговорите ќе биде транзицијата во трговската размена меѓу Русија и Турција на национална валута, формирањето слободна трговска зона, како и развојот на туризмот. Премиерите на двете земји можат да ја разгледаат соработката меѓу Русија и Турција во борбата против терористичката група „Исламска држава“, пишува весникот.

По разговорите меѓу шефовите на владите на Русија и Турција, како што се очекува, во јануари 2017 година ќе се одржи состанок на Советот за соработка на највисоко ниво, на чело со претседателите на двете земји.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса