Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2016

Стејт департмент: Односите со Москва се витално важни за Вашингтон

0

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби изјави дека односите со Русија и понатаму се од витално значење за САД, и покрај сите противречности помеѓу властите на двете земји кои се појавија во последниве години, пренесува „Газета.ру“.

Според него, Русија и САД во моментов имаат сложени односи.

Америка на Трамп се среќава со Русија на Путин

„Сепак, тоа се односи. А како ќе гледа на нив администрацијата што доаѓа, тоа ќе треба да го реши самата“, истакна Кирби.

Освен тоа, тој додаде дека, според мислењето на извршната власт на САД, „односите со Русија остануваат витално важни“ за Вашингтон.

„Има прашања за кои успеавме да постигнеме согласност, за кои успеавме да соработуваме, да работиме позитивно заради добри резултати. Иранскиот (нуклеарен) договор е едно од нив. И до неодамна се надевавме дека едно од нив може да биде и Сирија“, заклучи Кирби.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса