Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2016

Путин ќе го одолговлекува укинувањето на контрасанкциите

0

„Ќе одолговлекуваме колку што е можно повеќе“, изјави Путин на форумот на Општорускиот народен фронт, одговарајќи на прашање по повод руските контрасанкции, пренесува „Лента.ру“.

По пет години Русија бележи дефлација

Според рускиот лидер, Русија не вовела санкции, туку презела возвратни мерки на ограничувањето на испораката на земјоделски производи воведено од голем број земји, со цел заштита на домашниот пазар.

„Ние навистина свесно го сторивме тоа и, во суштина, искористувајќи ги тие, директно кажано, кратковиди одлуки во однос на нашата земја од страна на нашите таканаречени партнери, кои ги воведоа тие санкции“, изјави претседателот на РФ. Со самото тоа Русија создала услови за производство на земјоделски производи во земјата.

„Се разбира, сите производители во земјата се заинтересирани оваа ситуација да трае колку што е можно подолго“, истана шефот на руската држава. Притоа тој потенцираше дека потрошувачот е заинтересиран да добие стоки со добар квалитет по најниска цена и за тоа е потребно да се создаваат услови за конкуренција.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса