Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2016

ФСБ: Годинава спречени 42 терористички напади во Русија

0

Шефот на ФСБ Бортников како пример посочи дека е ликвидиран водачот на таканаречениот „Вилает Кавказ“, во целост е ликвидирана раководната група на терористичките групи на територијата на Кабардино-Балкарија.

Бортников исто така истакна дека се спречени и 42 терористички акти.

Москва и Санкт Петербург под закани од ИДИЛ

„Во тековната година во Москва, Санкт Петербург, Екатеринбург и Нижни Новгород од страна на органите на редот и мирот и безбедносните структури се пресечени неколку обиди за извршување терористички напади врз објекти за транспорт и на места на масовна концентрација на луѓе, планирани од страна на лица со потекло од соседните земји“, изјави Бортников, пренесува „Росијскаја газета“.

Според него, годинава се „блокирани сметки на повеќе од 2 илјади лица против кои се имаа веродостојни докази за нивно учество во тероризам, вклучително и во негово финансирање“.

Исто така, специјалните служби на Русија преземале мерки против излегување на државјани на Русија во странство кои планирале да стапат во редовите на меѓународни терористички организации.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса