Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2016

Чуркин ја повика американската претставничка да не се прави „мајка Тереза”

0

Во текот на своето обраќање Пауер изјави дека ситуацијата во Алепо ќе остане запаметена во серијата на оние настани во историјата на светот кои го „дефинираат современиот поим за злото“ и дела ќе останат како дамка на совеста на меѓународната заедница. Таа меѓу таквите ги наброја и нападот со гас напад врз ирачките Курди во 1988 година, геноцидот во Руанда во 1994 година и настаните во Сребреница во 1993 година, пренесува „Взгљад“.

„Режимот на Асад, Русија и Иран, вашите војници и марионети ги вршат тие злосторства. Вашиот експлозивни буриња, гранати и воздушни напади им овозможија на вооружените одреди во Алепо да опколат илјадници цивили и да им врзат јамка околу вратот. Треба да се срамите поради тоа“, изјави постојаниот претставник на САД во ОН.

Пред нејзиното обраќање обвинувања против Русија изнесоа и постојаните претставници на Велика Британија и Франција, Метју Рајкрофт и Франсоа Далатр.

Како одговор на ова, Чуркин изјави дека не сака да ја потсетува „западната тројка” за нивната улога во формирањето на терористичката организација „Исламска држава”, што е последица од нивната интервенција во Ирак 2003 година, како и на нивното „расплеткување на сириската криза”.

Чуркин: Воената операција во Алепо завршува за неколку часа

„Но особено необично ми се стори излагањето на претставничката на САД, која своето обраќање го оформи небаре е мајка Тереза. Сетете се која земја ја претставувате! Сетете се на военото досие на вашата земја! А потоа обидете се да размислувате од позиција на морална и некаква друга супериорност. А кој за што е виновен, мислам дела ќе решат историјата и Господ Бог“, изјави рускиот дипломат.

На говорот на Саманта Пауер реагираше негативно и постојаниот претставник на Сирија, Башар Џафари, кој ги цитираше зборовите на Лав Толстој дека првин треба да се погледнеме себеси, а потоа да им судиме на другите.

„Мојата влада не е одговорна за злосторствата за кои ја обвинуваат и не извршила геноцид“, изјави дипломатот.

Притоа тој потсети дека САД извршија воени злосторства во виетнамската кампња и дека сносат одговорност за трговско-економската блокада на Куба и бомбардирањето на Србија.

Дипломатот рече дека сириската војска има само една цел: да ги заштити своите граѓани и покажа фотографии на кои се гледа како војници им помагаат на цивилите да го напуштат источно Алепо.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса