Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2016

Киевски суд нареди да се претресе Путин

0

Печорскиот суд на градот Киев дозволи истрагата да изврши претрес на администрацијата на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во Москва, пренесува „Рамблер.ру“.

Захарова го исмеа Киев поради налогот за апсење на Шојгу

Иследник за особено важни случаи при Генералното обвинителство на Украина побара пристап до работите и документите и заплена кои се во администрацијата на Путин во Москва. Потребата да се изврши претрес иследникот ја објасни дека за да се изврши вештачење на ракопис потребно му е да го добие оригиналното барање на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович до Владимир Путин .

Според верзијата на украинската истрага, на 1 март Јанукович се обратил со писмено барање до претседателот на РФ „со барање да ги употреби вооружените сили на таа земја на територијата на Украина“. Печорскиот суд дозволи одземање и заплена на барањето. Рокот за извршување на одлуката е 30 дена.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса