Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2016

Лидерите на ЕАЕУ потпишаа Царински кодекс

0

Саркисјан прецизираше дека Киргистан, кој за време на церемонијата на потпишување на документите не се потпиша на Царинскиот кодекс, на крајот го одобрила.

„Од страна на Киргистан не е потпишана само изјавата во однос на тоа ка ќе ја градиме надворешноекономската активност“, додаде тој, пренесува РИА „Новости“.

Сакаме да станеме центар на голема Евроазија

Според Саркисјан, тоа е поврзано со желбата на Бишкек за прецизирање на формулацијата во врска со укинувањето на пречките и отстранувањето на рестрикциите на внатрешниот пазар.

ЕАЕУ е меѓународнаа асоцијација за економска интеграција, формирана врз основа на Царинска унија и Заеднички економски простор која функционира од 1 јануари 2015 година. Во моментов во сојузот членуваат Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан.

Царинскиот кодекс е основниот документ со кој регулираат царинските односи на територијата на Евроазиската економска унија.

За сојузот овој документ е првиот голем правен акт кој се однесува на сферата на царинското регулирање. Изработен е заеднички од страна на владините агенции и бизнис заедниците на евроазиската „петорка“.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса