Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2017

Припадници на ФСБ обвинети дека работеле за ЦИА

0

Агенцијата „Интерфакс“, повикувајќи се на „извори запознаени со ситуацијата“, пишува дека началникот на одделот на Центарот за информациона безбедност на ФСБ РФ Сергеј Михајлов и неговиот заменик Дмитриј Докучаев, приведени во декември 2016 година, се обвинети за соработка со Централната разузнавачка агенција (ЦИА) на САД. За апсењето на Михајлов и Докучаев се дозна кон крајот на јануари.

Претходно анонимни извори на „Росбалт“ и „Лајф“ укажаа на врската меѓу апсењето на Михајлов и неговиот помошник Докучаев со активностите на хакерската група „Анонимни интернационал“. Групата хакираше профили на чиновници и претприемачи и ги продаваше добиените информации на интернет.

Михајлов, влијателен припадник на ФСБ, одговорен за безбедноста на интернетот, наводно ја презел под контрола групата и добивал од нејзиниот основач Владимир Аникеев пари. Аникеев беше уапсен во ноември 2016 година и, според извори на „Росбалт“, токму тој го предал Михајлов на органите за безбедност.

Топ-менаџер на „Касперски“ уапсен во истрага за велепредавство

Адвокатот на приведените Иван Павлов, впрочем, изјави дека делото за велепредавство не е поврзано со активностите на „Анонимни интернационал“. Во медиумите се провлече информација дека Михајлов не бил поврзан само со хакерите.

Соговорниците на „Интерфакс“ сметаат дека Михајлов и Докучаев се обвинети за кршење на заклетвата и соработка со ЦИА (без детали тие дејствувале директно или преку посредници). Се соопштува дека во врска со случајот се уапсени четири лица, а уште осум фигурираат како соучесници. Познато е дека освен припадниците на ФСБ и Аникеев, беше уапсен и вработениот во „Лабораторијата на Касперски“ Руслан Стојанов, исто така, експерт за компјутерска безбедност.

Изворите укажуваат дека случаите за соработка со хакерите и ЦИА „се поклопуваат едни со други, но не се пресекуваат“: дел од обвинетите во случајот работеле со хакерски групи, а дел - со странски тајни служби. Осомничените ги поврзува познанството на едни со други и струката - сите од нив се поврзани со ИТ-технологиите.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса