Москва разгледува варијанти за средба со Тилерсон
Во моментов се разгледува варијанта за средба во февруари во Бон или Минхен, изјави за РИА „Новости“ извор во МНР РФ.
Трамп предложи за државен секретар „пријател на Путин“
„Ние сме секогаш подготвени. Очекуваме дека ќе има некакви контакти. Кога точно, засега е тешко да се каже. Има различни варијанти – и Минхен, и Бон“, изјави соговорникот на агенцијата.
На 16-17 февруари во Бон ќе се одржи средба на министрите на Г-20, додека на 17-19 февруари во Минхен ќе се одржи Минхенската конференција за безбедност.
