Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2017

Руски милионер сака да ја обнови империјата на Романови на Кирибати

0

Бизнисменот и поранешен член на рускиот парламент Баков со години бара место  каде што ќе може да ја реализира својата идеја. Претходно сериозно размислувал за Црна Гора и за Куковите Острови, а во 2015 година му бил понуден план за инвестиции на островите Кирибати.

На островите Молден, Старбак и Милениум Баков сака да создаде „алтернативна Русија“ и да ја изгради потребната инфраструктура за бизнис и туризам, пишува „Гардијан“. Реализацијата на проектот ќе трае од 10 до 15 години.

Кои се лажните Романови?

„Островите Кирибати нѐ привлекоа со прекрасната клима, големите ненаселени острови и малобројното население кое, очигледно, ќе има корист од нашата  финансиска помош“, објасни Баков.

Како што велат од владата на островите Кирибати, островите се ненаселени и неразвиени, а понудата на бизнисменот ќе биде најголемата инвестиција од досега предложените. Се очекува претседателот на островската земја Танет Маамау да донесе одлука до крајот на февруари.

И покрај тоа што островите треба да послужат за основање на новата империја на Романови, Баков не очекува миграција на руски граѓани, пишува „Гардијан“. Островите се далеку од Русија, а екваторијалната клима „не им одговара многу“ на нејзините жители. Сепак, бизнисменот смета на инвестиции од Русија, пренесува РИА „Новости“.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса