Асад: Ние донесуваме одлуки во Сирија, а не Русија
Одлуките за ситуацијата во Сирија ги носат нејзините власти, а не Русија, но без руска поддршка ситуацијата во земјата би била полоша, изјави сирискиот претседател Башар Асад во интервју за француското радио Europe1.
Зошто Русија војува во Сирија?
„Не, претседателот Владимир Путин не донесува одлуки во Сирија. Ние ги донесуваме тие одлуки. Русија го почитува нашиот суверенитет. На секоја помината етапа – стратешка или тактичка – имаше соработка со Сирија. Тие никогаш ништо не направиле без да се посоветуваат со нас“, изјави Асад.
Тој додаде дека „без помошта на Русија ситуацијата би била полоша“.
„Но, колку полоша? Никој не знае. Не можам да ви кажам дали би останала владата или би паднала. Но тоа е точно – руската поддршка беше решавачка во ослабувањето на „Исламската држава“ и „Џебхат ан Нусра“, потенцира Асад, пренесува РИА „Новости“.
