Борис Џонсон: Западот не сака нова студена војна со Русија
„Многу е важно да се сфати дека со Русија треба да се соработува во билатерален режим. Тие, се плашам, водат сајбер-војна, ги поткопуваат земјите на западот на Балканот. Видовте што се случува во Црна Гора, да не зборувам пак за дејствијата на Русија во Украина, кои се апсолутно неприфатливи“, изјави британскиот министер, коментирајќи ги темите на претстојните разговори во Москва.
Според Џонсон, примарниот сигнал, со кој тој ќе пристигне во Москва, ќе биде токму во таа насока.
Борис Џонсон планира во најскоро време да ја посети Русија
Притоа, како што истакна тој, „исто така е важно да се каже дека не се наоѓаме во состојба на нова студена војна со Русија“.
„Ниту Велика Британија, ниту другите земји на ЕУ, ниту Вашингтон не сакаат нова студена војна. Од витална важност е да се обидеме да соработуваме со Русија, да сфатиме од каде поаѓаат, да ја смениме нивната политика и да им помогнеме да застанат на најдобриот пат“, додаде британскиот министер, пренесува RT.
Претходно амбасадата на Велика Британија во Москва соопшти дека Џонсон ќе пристигне во официјална посета на Русија на крајот на март 2017 година.