Во Анталија средба на началниците на ГШ на Русија, Турција и САД
Во трилатералните преговори учествуваат началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Русија Валериј Герасимов, началникот на ГШ ВС Турција Хулуси Акар и шефот на Здружениот комитет на началници на штабовите на ВС САД Џозеф Данфорд.
Каква закана носат за Русија новите договори на членките на НАТО?
„На настанот е планирано заедничко разгледување на безбедносните прашања во Сирија и Ирак“, се вели во соопштението на МО РФ, пренесува „Лента.ру“.
Претходно на 3 март Герасимов го одржа првиот во изминативе три години телефонски разговор со шефот на Воениот комитет на НАТО Петар Павел.
На 16 февруари Герасимов и Данфорд имаа билатерална средба во Баку.
