Киев: Вашингтон вети дека ќе продолжи со поддршката за Украина
Климкин изјави дека во текот на преговорите се дискутирало за соработката на САД и Украина во „сферата на спротивставување на руската агресија“, пренесува „Гласот на Америка“.
Според него, САД го увериле дека украинското прашање нема да се решава во контекст на други прашања. Тој изјави дека прашањето на Украина „е фундаментално важно за САД“.
Преговорите меѓу Тилерсон и Климкин се одржаа во Вашингтон, пишува „Взгљад“.
Пасошка дипломатија: Зошто Русија ги призна документите на ДНР и ЛНР?
