Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Март
2017

Лавров: Западот треба да е свесен за ситуацијата во Македонија

0

„Во Македонија сега има малку посложена ситуација, ќе ја наречам криза, која во многу нешта е испровоцирана вештачки и која води кон обид за внесување раскол во општеството, со прекршување на договорите, се обидуваат да ја дестабилизираат“, изјави Лавров, говорејќи на предавањето во академијата на Генералштабот на РФ. Министерот изрази надеж дека „Западот ја сфаќа опасноста од таквите обиди“.

Русија повика да престане надворешното мешање во работите на Македонија

Во целина, Лавров истакна дека Балканскиот регион „поради некоја причина се перципира како регион на провокативни активности на Русија... и сите нормални врски на Русија со балканските земји веднаш стануваат предмет на алармантна загриженост која ја искажуваат политичарите, говорејќи, наводно, дека Русија навлегува на Балканот“.

„Ние немаме, ако може така да кажам, „страв“ од таквите изјави, ние гледаме совпаѓање во многу прашања со земјите од регионот“, изјави Лавров, пренесува РИА „Новости“.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса