Русија не ги прифаќа украинските услови за учество на „Евровизија“
„Предлогот на украинските власти да испратиме на „Евровизија“ друг учесник или учесничка нема ни да се разгледа. Ако се прифати, тоа значи дека Јулија Самојлова, настапувајќи на Крим, на територијата на Русија, прекршила некои украински закони. Тоа е апсурд, нонсенс, апсолутна бесмислица. Тоа во принцип е невозможно“, напиша политичарот на својата страница на „Фејсбук“.
Според него, предлогот на Киев е неприфатлив и поради друга причина.
Украина ѝ забрани влез во земјата на руската учесничка на „Евровизија“
„Таа лежи во личноста на самата девојка, којa со целиот нејзин живот го заслужи, поточно, го освои правото да настапува на „Евровизија“. Донесувањето поинаква одлука би било предавство спрема неа“, објасни Клинцевич.
Тој нагласи дека руската страна нема да го менува својот избор под никакви околности.
„Русија буквално ја туркаат кон бојкот на овој настан и така на наше место би постапила секоја цивилизирана држава која се почитува себеси“, додаде Клинцевич, пренесува RT.
Претходно вицепремиерот на Украина Вјачеслав Кириленко изјави дека Киев ќе го прими претставникот на РФ на „Евровизија 2017“ единствено ако Јулија Самојлова ја замени друг Русин, кој нема проблеми со украинските закони.