Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Апрель
2017

Путин и Рухани: Недопустлива е агресијата на САД против Сирија

0

„Се одржа размена на мислења за ситуацијата во Сирија. Од двете страни беше истакната недопустливоста на агресивните дејствија на САД против суверена држава, што ги прекршува нормите на меѓународното право. Путин и Рухани се изјаснија за објективна, непристрасна истрага за сите околности на инцидентот со хемиското оружје на 4 април во сириската провинција Идлиб“, се вели во соопштението на Кремљ.

Лавров: Да се открие вистината за одлуката на САД за нападите врз Сирија

Лидерите, исто така, ја истакна важноста од продолжувањето на тесната соработка за политичко и дипломатско решавање на вооружениот конфликт во Сирија.

„Беше дискутирано за текот на спроведувањето на договорите постигнати во рамките на одржаната на 27-28 март официјална посета на Рухани на Русија. Посебно внимание беше посветено на клучните аспекти на билатералната соработка во антитерористичката сфера, изразена е подготвеност за понатамошно продлабочување со цел  обезбедување на стабилноста и безбедноста на Блискиот Исток“, соопштува Кремљ.

Телефонскиот разговор се одржа на иницијатива на иранската страна, пренесува „Интерфакс“.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса