Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Апрель
2017

Да не си се осудил да ја навредуваш Русија

0

„Вие се исплашивте, не можете да заспиете затоа што ќе соработуваме со САД. Се плашите од тоа. Сите се плашите. Правите сѐ за да ја растурите таа соработка... Погледни ме, не го тргај погледот, што го тргаш погледот?“, му се обрати Сафронков на Рајкрофт, пренесува „Взгљад“.

Сафронков ги нарече навредливи барањата кои претставникот на Велика Британија ги истакна кон гарантите на примирјето во Сирија. Притоа само Обединетото Кралство, според претставникот на Русија, „им служи на интересите на вооружените групи од кои многу ги масакрираат христијаните и другите малцинства на Блискиот Исток“.

„Ти денеска зборуваше, господин Рајкрофт, не според агендата на заседанието, ги навредуваше Сирија, Иран, Турција, други држави. Господине претседател, една молба да внимавате на редот на седницата, доколку некои неодговорно, навредливо, употребувајќи сленг, се однесуваат спрема своето место во Советот за безбедност на ООН. Немој да си се осудил да ја навредуваш Русија повеќе!“, изјави Сафронков.

Пред тоа британскиот постојан претставник изјави дека Русија го „злоупотребува“ правото на вето во Советот за безбедност на ООН, бранејќи ја владата на Сирија.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса