Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Апрель
2017

Министерството за одбрана на РФ ја претстави базата „Арктички тролист”

0

Министерството за одбрана на Русија на својот сајт ја прикажа единствената воена база „Арктички тролист“, соопшти одделението за информација и медиуми на рускиот воен ресор.

Путин наложи да се заштитат интересите на Русија на Арктикот

Воената инфраструктура на арктичката база, која се наоѓа островот Александар на архипелагот Земјата на Франц Јозеф, ја сочинуваат објекти за специјална намена, како и командни пунктови, гаражи за воената и специјална техника, автономниот енергетски блок, специјалните магацини и складишта за кои важи посебен режим на ограничен пристап, пренесува РИА „Новости”.

Посетителите на сајтот на Министерството за одбрана на Русија првпат можат да се запознаат со условите за живот и работа во базата, да направат виртуелна прошетка низ секој од четирите ката на станбениот комплекс „Арктички тролист”.

„Во 3Д-екскурзија низ виртуелната воена база е очигледно покажано како се организирани и опремени собите за војниците, офицерската трпезарија, салата за тренинг и салата за филмски проекции и концерти, атриумот, библиотеката, стакленикот, медицинскиот блок”, се наведува во соопштението.

Во прилогот е објавен голем број на фотографии на единствениот станбен комплекс „Арктички тролист”. 




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса