Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Апрель
2017

Путин и Меркел на 2 мај ќе се сретнат во Сочи

0

Претседателот на Русија Владимир Путин на 2 мај во Сочи ќе се сретне со канцеларката на Германија Ангела Меркел, потврди портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

Путин соопшти кога Меркел ќе ја посети Русија

„Можам да го потврдам тоа“, изјави портпаролот на Кремљ.

На 16 март при посетата на Москва од страна на премиерот на сојузната германска држава Баварија Хорст Зехофер, Путин соопшти дека ја очекува посетата на канцеларката на Германија Ангела Меркел на 2 мај. „Пренесе ѝ најдобри поздрави на сојузната канцеларка. Ја очекуваме посетатата на госпоѓа Меркел на 2 мај“, изјави тој.

Зехофер му пренесе на шефот на руската држава срдечен поздрав од Меркел. „Таа неколку пати ме потсети да не заборавам да го сторам тоа и рече дека на почетокот на мај сака да Ве посети“, изјави баварскиот премиер, пренесува ТАСС.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса