Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Апрель
2017

Турциjа постигна согласност со Русија за С-400

0

Турција и Русија постигнаа согласност за прашањето околу набавка на системите С-400 и водат преговори за цената и заедничкото производство, изјави шефот на МНР на Турција Мевлут Чавушоглу.

„Ги продолжуваме преговорите за сите прашања поврзани со С-400, вклучително и за заедничкото производство и цената. Принципиелно се договоривме, но за техничките прашање ништо не можам да кажам“, го цитира министерот весникот „Милиет“.

Ќе може ли Русија да ѝ испорача на Турција С-400?

Чавушоглу исто така додаде дека Турција ќе го купи руските противвоздушен систем затоа што нејзе ѝ е „потребно да ги зајакнува своите капацитети на ПВО“. Зборувајќи за опциите за купување на системи за ПВО од земји-членки на НАТО, министерот рече дека Турција „би сакала да ги купи од НАТО, но тие не демонстрираа движење во таа насока“.

Претходно министерот за национална безбедност на Турција Фикри Ишик изјави дека „работата за С-400 ја достигна финалната фаза, но тоа не значи дека утре ќе биде потпишан договорот“, пренесува ТАСС.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса