Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2017

Путин и Ердоган: Руско-турските односи се вратија во нормала

0

Путин и Ердоган се договорија за укинување на сите трговски ограничувања со исклучок на доматите, за кои санкциите ќе останат уште некое време.

Шефот на руската држава потсети и на работата за изградба на новиот гасовод „Турски тек“: „Неговата реализација ќе овозможи суштински да се зацврсти енергетската безбедност на Турција и Европа и да се прошират можностите на Русија за извоз на гас“.

„Твоите не сакаат да работат“: Путин се пошегува за делегацијата на Ердоган

Во Сочи беше дискутирано и за изградбата на АЕЦ „Акују“ во Турција, чии инвестиции се проценуваат на 22 милијарди долари.

Страните исто така се договорија да го поедностават визниот режим за низа категории руски и турски граѓани, вклучително и за стручњаците и бизнисмените.

Важен напредок е постигнат и околу прашањето на сириското регулирање: Москва и Анкара се договорија за создавање „зони на деескалација“ во сириската провинција Идлиб.

На заедничката прес-конференција Путин и Ердоган со задоволство констатираа: обновата на руско-турските односи заврши и тие се вратени во нормала, пренесува ТАСС.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса