Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2017

Американските медиуми пишуваат за „новото тајно оружје“ на Путин во Сирија

0

Интервенцијата на Русија во сирискиот конфликт изданието ја прогласува за целосно успешна, истакнувајќи дека за зајакнување на влијанието претседателот Владимир Путин „примени во Сирија невидено руско оружје: неколку единици од чеченски и ингушетски командоси родум од проблематичниот севернокавкаски регион“, пишува „Форин Полиси“.

До неодамна, присуството на  руските копнени сили во Сирија во основа беше сведено на специјални сили, воени советници и артилерци, истакнува изданието.

Чеченски спецназ заминува за Сирија

„Но, континуираното распоредување на чеченската и ингушетската бригада само по себе означува стратешкото поместување за Кремљ: Русија сега има своја елитен копнен персонал, составен од сунитски муслимани. Ова му овозможува на Кремљ поактивно да влијае на настаните на теренот и да работи на долгорочни перспективи“, пишува авторот на статијата, притоа истакнувајќи дека присуството на чеченските специјалци ќе помогне по потреба дури и за запирање на непосакувани за Москва дејствија на „режимот на Асад“.

Живата сила на чеченските единици изданието ја проценува на 500, а на ингушетските – на 300 војници.

Претходно беше соопштено дека во Алепо е испратена единица на воената полиција, составена од етнички Чеченци и Ингуши. За работата на воената полиција во Алепо беше снимен и документарен филм, пренесува „Взгљад“.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса