Русија тврди дека Украина е виновна за падот на малезискиот авион
Поднесувањето на жалбата доаѓа точно пет месеци откако Украина ја поднесе последната од серијата правни постапки против Москва пред истиот суд, кој ги разгледува жалбите за наводно прекршување на Конвенцијата за човекови права.
Во својата жалба, Русија ги обвинува властите во Киев за смрт на цивилите за време на бунтот на Мајдан во 2014 година и за конфликтот со сепаратистите во источна Украина кој досега однесе илјадници животи. Москва исто така тврди дека во гранатирањето од страна на украинските безбедносни сили во источна Украина биле убиени и ранети луѓе во јужна Русија.
Истражувањето на украинскиот сервис на Радио Слободна Европа, објавено во април, покажа дека адвокати од Русија и од деловите под контрола на сепаратистите во источна Украина поднеле околу 6000 жалби поврзани со конфликтот во Донбас.
Во конфликтот кој почна во 2014 година досега загинаа над 13200 луѓе, а илјадници се ранети. Војната почна еден месец откако руските сили го заземаа украинскиот полуостров Крим. Русија негира вмешаност во конфликтот и покрај многуте докази кои покажуваат дека обезбедува оружје, борци, пари и друга помош за сепаратистите.
Холандија ќе ја тужи Русија за соборувањето на малезискиот авион
Украинскиот министер за правда Денис Маљушка го оцени случајот на Русија како „целосно смешен“. Тој рече дека Москва го помешала судот во Стразбур со „шоу на руска телевизија“ и оти од правна гледна точна „ги чека неизбежен пораз“.
Украина покрена девет случаи против Русија, вклучително и еден за соборувањето на малезискиот патнички авион над источна Украина во јули 2014 година. Авионот леташе од Амстердам кон Куала Лумпур кога беше погоден од ракета земја-воздух Бук од руско производство испукана од територија под контрола на проруските сепаратисти во источна Украина. Загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.
Тим од меѓународни истражители во мај 2018 година заклучи дека ракетниот лансер користен за соборување на авионот ѝ припаѓал на руската 53-та противвоздушна бригада.