Путин - Русија е подготвена за преговори со Украина
„САД и НАТО долго време ги игнорираа разумните безбедносни грижи на Русија, во неколку наврати не ги испочитуваа нивните обврски, продолжувајќи со распоредување на војници на истокот, доведувајќи ја во прашање стратешката крајна линија на Русија“, му рекол Путин на кинескиот претседател.
„Русија е подготвена да води преговори на високо ниво со Украина“, рече Путин.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи воена состојба во земјата и нареди општа мобилизација, откако Украина беше нападната од Русија на 24-ти февруари.
Украинските власти на 25 февруари соопштија дека руската армија влегла во Киев.
ЕУ ги замрзнаува средствата на Путин и Лавров
Неколку дена пред инвазијата, Путин ја призна независноста на сепаратистичките региони Доњецк и Луганск во источна Украина и одобри испраќање војници таму. Европската унија, САД и Обединетото Кралство континуирано воведуваат нови санкции кон Русија, кои, меѓу другото, се насочени кон финансискиот и енергетскиот сектор. ЕУ веќе воведе два пакета санкции, а најави дека подготвува и трет.