Јавно обвинителство – Чекаме Законот за амнестија да се објави во Службениот весник
Собранието вчера, со 95 гласа „за“ и во скратена постапка го усвои Законот за амнестија, откако помина во матичните комисии и беше одобрен од Интерпартиската парламентарна група. Според законот, не може да бидат амнестирани организаторите и оние кои учествувале во подготовката, насилниците, оние кои што носеле оружје и експлозивни направи и службените лица кои постапиле спротивно на нивните овластувања. Според законот, секој од осудените, обвинети или осомничени ќе треба сам да побара амнестија, а судот и обвинителството ќе одлучат на кого се однесува помилувањето.
Откако ќе стапи во сила, обвинетите имаат рок од 5 дена да поднесат барање за амнестија, судот и обвинителството ќе имаат рок од пет дена за да им одговорат.