Една условна и четири затворски казни добија денеска петтемина обвинети што признаа вина во случајот со издавање лажни пасоши „Двојник“. Од нив, четворица се вработени во МВР и судот ги прогласи за виновни за злоупотреба на службената положба и овластувања, а другиот првостепено осуден е посредникот Раиф Мифатари, кој се товари за поттикнување.
Мифтари доби 2 години и 3 месеци затвор, додека останатите затворски казни за тројца од вработените во МВР се во висина од: 2 години и 7 месеци, 2 години и 3 месеци, 2 години. Читать дальше...