Страшни приказни од основни училишта - насилството се врти во круг
Алармантни, бизарни и вулгарни случаи - со овие зборови родители, психолози и претставници на институции го опишуваат насилството меѓу учениците. Во тек е бојкот на настава во две основни училишта во Скопје заради дете со насилно однесување. Училиштата ги кријат проблемите „под тепих“, а ако родителите не соработуваат системот го одолговлекува решението.