Ковид биланс-256 новозаразени, 31 починат
Пријавени се 31 починато лице: девет од Скопје, шест од Гостивар, по три лица од Тетово, Куманово и Струмица, две од Кичево и по едно од Битола, Велес, Гевгелија, Дебар и Македонски Брод. Најмладиот починат е на 18 години од Гевгелија, а меѓу починатите има и на 38, 46 и 49 годишна возраст. Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 4 се починати во домашни услови. За истиот период регистрирани сe 545 оздравени пациенти.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е 162.060, на починати е 6.184, а бројот на активни случаи изнесува 13.631.
