Соединетите држави ја поздравија „соработката“ и „флексибилноста“ на Талибанците за првиот лет за евакуација од Авганистан по повлекувањето на американските војници од таа земја. Талибанците обезбедија доказ за соработка со тоа што овозможија заминување на американски државјани и лица со постојан престој во Соединетите држави со чартер летови од Кабул, објави Белата куќа. Тие беа професионални во нашата размена со нив околу овој потфат. Тоа е првиот позитивен чекор“, оцени Белата куќа.
Талибанците ќе дозволат група странци да заминат од Кабул
Десетици западни државјани вчера полетаа од Кабул со меѓународен патнички лет, што е прва масовна евакуација од Авганистан откако силите на САД и НАТО ја напуштија земјата. Како што пренесе агенцијата Франс прес, тие подоцна слетаа на аеродромот во Доха, а летот го изврши авион на Катар Ервејс.